
Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ, студентите не може да имаат претставнички тела контролирани од властите, порачаа од Независното студентско собрание
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Март 2025

Штотуку ФСС на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Овој модел на студентско претставување е истрошен, соопштија од Независното студентско собрание на УКИМ.
„Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски.
Тоа за кое пред деценија студентите се бореа никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес, го добивме зависниот бирократски лавиринт, наречен УСС на УКИМ“, потенцираат во соопштението.
Студентите, како што нагласуваат во напишаното, не може да имаат претставнички тела контролирани од властите и партиите.
„Независното студентско собрание на УКИМ е хоризонтална самоорганизација на сите студенти на УКИМ. Ова се наши универзитет“, порачуваат.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
