
Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани, информирше Тошковски
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Март 2025

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се 16 лица, од кои последното се товари за тешки дела против општата сигурност во врска со предизвикување на општа опасност. Лицето е потписник на основен проект за издавање на кабаре клуб – еден од документите потребни за да биде ставена дискотеката во функција. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција.
Тој рече дека постојат основи во насока на тоа дека незаконито, паушално биле изготвувани круцијални документи, предуслов за понатамошната постапка за ставање во функција на кабарето.
Извршени се разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 во Кочани. За 14 е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. На единаесет лица им е одредена мерка притвор за тешки дела против општата сигурност во врска со предизвикување општа опасност, а на три лица за несовесно работење.
Извршени се претреси на две лица на Министерство за економија, одземена е техничка опрема, документација, оружје.
Претреси се извршени и кај управителот и одговорното лице во дискотеката, а документи во врска со дискотеката се прибираат и во општината, информираше Тошковски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
