Градиме дигитална држава со интернет по пристапни цени, рече Андоновски

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја отвори конференцијата организирана по повод 20-годишнината на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), на која присуствуваа претставници од Владата, BEREC, ITU, како и домашни и меѓународни партнери.

 

„Денес, со гордост се осврнуваме на 20-годишната национална регулаторна работа што помогна во обликувањето на отворен, конкурентен и поврзан пазар на комуникации во Македонија. Она што започна како директорат во рамките на Министерството за транспорт, денес е целосно независен регулатор – AEК- кој беше водилка на нашата дигитална транзиција, особено во приватниот сектор, со јасност и цел“, изјави Андоновски.

 

Осврнувајќи се и на глобалната перспектива, министерот го одбележа и 160-годишниот јубилеј на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), потенцирајќи ја нејзината историска улога – од телеграфските кабли до протоколи за вештачка интелигенција.

 

„Но, она што мора да го направиме следно во Македонија, нашиот одговор е јасен: градиме дигитална држава која е интероперабилна, безбедна и подготвена за бизнис, тоа значи, национална платформа за интероперабилност каде што над 60 институции – и за прв пат, десетици приватни компании – разменуваат податоци во реално време. Партнерството со АЕК кое спречува нелегално онлајн коцкање, процес кој успешно го инициравме и продолжуваме да го следиме. И визија за дигитална инфраструктура која е модерна, меѓусебно поврзана, безбедна и достапна,” додаде министерот.

 

Во своите завршни зборови, тој истакна дека дигиталната трансформација не е одржлива без силни, независни и регулатори подготвени за иднината – оние кои го штитат и пристапот и иновациите, и конкуренцијата и соработката.

 

„Затоа што дигиталната иднина не е неизбежна и дека истата се гради- одлука по одлука, стандард по стандард, партнерство по партнерство. За луѓето што ги претставуваме, а кои го гледаат пристапниот интернет и поврзаноста како столб за нивниот личен раст, образование, амбиции и соништа“, заклучи Андоновски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.