(Видео) Кузеска: Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов?

Воопшто не е за изненадување тоа што Мицкоки стана заложник на Димитар Апасиев и Левица.Заложникот Христијан Мицкоски лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Ванчо Михајлов.ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

 

 

 

Таа наведе дека сликите на Мицкоски со оние кои го отвораат бугарските клубови не се случајни, Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Со таквото однесување Мицкоски ги погази ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Што ќе кажат на ова пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што е одговорот на Рашела Мизрахи за скандалозното признание на Мицкоски? Мицкоски е слаб, обичен послушник на Никола Груевски кој работи на штета на државните и националните интереси,изјави Кузеска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.