Фустанот на Иванка Трамп за инаугурацијата беше инспириран од стилот на холивудските диви од 50-тите

Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД, па тој и неговото семејство присуствуваа на бал заедно со потпретседателот Џеј ди Венс и неговата сопруга Уша.

 

За специјалната пригода дамите избраа елегантни свечени фустани, а вниманието го привлече Иванка Трамп, ќерката на Трамп, во бел фустан без прерамки.

 

Според „Вог“, фустанот на Иванка од „Живанши“ бил инспириран од креација што ја носела Одри Хепберн во филмот „Сабрина“ од 1954 година, во кој таа глуми заедно со Хемфри Богарт. Сепак, Иванка стави свој печат на оваа комбинација со неколку детали, кои се разликуваат од оригиналната верзија на Хепберн. Имено, наместо белите ракавици што ги носеше Хепберн, Иванка избра црни, а со фустанот комбинира и накит.

 

Ова не е првпат Иванка Трамп да црпи инспирација за својот моден избор од стилот на холивудските икони. На свадбата на сестра си Тифани таа носеше син фустан, кој изгледаше речиси идентично со фустанот на Грејс Кели во филмот To Catch a Thief од 1955 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.