Русија ја обвинува Украина за тероризам

Кремљ денеска ја обвини Украина дека извршила терористички напад со убиство на рускиот генерал и неговиот помошник во Москва, што е прва изјава за експлозијата, пишува „Москов тајмс“.

 

„Сега е очигледно кој го наредил овој терористички напад“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повеќе од 24 часа по нападот, за кој Украина ја презеде одговорноста.

 

Генерал полковник Игор Кирилов, началник на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), беше убиен заедно со неговиот помошник вчера рано наутро откако експлозивна направа беше активирана пред неговиот стан во Москва.

 

„Уште еднаш е потврдено дека режимот во Киев не бега од терористичките методи“, изјави Песков за новинарите.

 

Руските истражители денеска објавија дека уапсиле осомничен обвинет за тероризам, кој наводно тврдел дека бил регрутиран од украинските специјални служби. Песков ги пофали руските безбедносни служби и агенциите за спроведување на законот за нивната брза и ефикасна работа.

 

Украинската безбедносна служба СБУ ја презеде одговорноста за, како што ја нарече, специјалната операција против воениот злосторник Кирилов. Еден ден пред неговата смрт Украина поднесе кривична пријава против Кирилов за употреба на забрането хемиско оружје за време на руската инвазија.

 

Песков рече дека смртта на Кирилов служела како доказ дека Москва била во право што почнала инвазија на Украина во 2022 година, потег што беше широко осуден од меѓународната заедница и што ја направи Русија една од најсанкционираните земји во светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.