Трамп го избра Шон Каран за нов директор на Тајната служба
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 23 Јануари 2025
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за нов директор на американската тајна служба.
Каран беше дел од обезбедувањето на Трамп за време на обидот за атентат во Батлер, Пенсилванија, минатиот јули, објави „Ројтерс“.
„Покажа непоколеблива храброст кога го ризикува својот живот за да го спаси мојот од атентаторот во Батлер. Верувам дека Шон ќе ја направи Тајната служба посилна од кога било досега“, рече Трамп во изјавата.
Каран ќе го замени Рон Роу, кој беше вршител на должноста директор од јули откога претходната директорка, Кимберли Читл, поднесе оставка поради критиките за неуспехот на агенцијата да спречи обид за атентат врз Трамп за време на митинг.
Каран ја почна својата кариера во Тајната служба во 2001 година како специјален агент во канцеларијата во Њуарк, каде што извршуваше должности за заштита, разузнавање, истрага, регрутирање и логистичка поддршка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс