Македонија силна против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го победи Катар со 39:34 (21:17).

 

Македонија против Катар о одигра најдобриот меч во досегашниот тек на Мундијалот. Од втората минута кога со серија од три гола го презедоа водство, со искучок на еден дел од првото полувреме кога Катар изедначи на 7:7 ја имаа предноста на своја страна.

 

Во вториот дел Катар неколку пати успеа да се доближи на негатива од два гола, но не и да ја загрози предноста на Македонија. Практично мечот беше решен на девет минути до крајот кога Македонија водеше со 36:30.

 

Пешевски и Кузмановски постигнаа по шест гола, Митев и Костески по пет, Лазаревски четири. Голманите заедни имаа 13 одбрани (Кизиќ девет, Митревски четири). Франкис Карол со 12 гола од 19 обиди го предводеше Катар.

 

Македнија со четири бода сега е трета на табелата во Групата 3.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.