
Трамп: Утре ќе разговарам со Путин, има добри шанси да ја завршиме војната
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 17 Март 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва.
„Во вторник ќе разговарам со претседателот Путин. За време на викендот беше завршена многу работа. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме оваа војна. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека шансите се добри“, рече Трамп за време на летот од Флорида до Вашингтон. Трамп ќе се обиде да добие поддршка од Путин за предложениот 30-дневен прекин на огнот што Украина го прифати минатата недела.
„Ќе разговараме за територии и за енергетски капацитети. Мислам дека веќе разговаравме многу за тоа со двете страни, и Украина и Русија“, рече Трамп на прашањето што ќе вклучуваат разговорите за прекин на огнот.
Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров завчера разговараа за „следните чекори“ во предложениот прекин на огнот во Украина, пишува Политико
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
