Зеленски се огласи неколку часа пред разговорот меѓу Путин и Трамп

Во пресрет на денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „Путин продолжува да ја одложува оваа војна“.

 

„Веќе една недела Путин не може да каже ‘да’ на предлогот за прекин на огнот“, рече Зеленски. Зеленски додаде дека американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот се залага за спасување животи дозволувајќи им на дипломатите да работат на обезбедување безбедност и траен мир – предлог што Русија го игнорира“.

 

„Секој ден од војната е прашање на човечки животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х повикувајќи на притисок врз Москва да ја прекине војната





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.