Реконструкција на собиралиштето на пензионерите од Бутел 1

Пензионерите на територија на Општина Бутел, гордост од минатото и многу важен дел на сегашноста добија честитка за „Денот на пензионерите“ од страна на градоначалникот Велимир Смилевски, информираат од општината.
 

Ново зеленило за граѓаните во Бутел 2

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, заедно со директорот на Паркови и зеленило, Адриан Муча, денеска се сретнаа во новиот парк во населбата Бутел 2, информираат од општината.
 

Се гради детско игралиште во Љуботенски пат

Градоначалникот Велимир Смилевски денеска беше на увид во завршните активности на изградбата на ново мултифункционално детско игралиште во Љуботенски пат, информираат од општината.
 
Повеќе инвестиции за ОУ „Ацо Шопов“ поддржани од Општина Бутел и Министерство за образование и наука беа реализирани во последниве години.
 

Се расчистуваат четири депонии во Бутел

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска почна активности за расчистување четири диви депонии во скопската општина Бутел. Депониите, составени од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, се лоцирани на улицата Бетовенова, како и на улиците Александар Урдаревски и Лазо Трпевски, во непосредна близина на гробиштата.
 
Денеска, детскиот џагор и детските лица ги развеселија и ги разубавеа училишните дворови во сите седум општински основни училишта на територијата на Општина Бутел.
 
Нашата општина Бутел веќе 4 години сериозно назадува, СДСМ и актуелниот градоначалник не реализираа буквално ништо од тоа што го ветија, ветуваа нова поликлиника, полициска станица, противпожарен пункт, плоштади, паркови, градинки, училишта, спортски комплекси, гасификација, канализациски мрежи и водовод онаму каде што нема, ветуваа отчетност и транспарентност, додека, пак, во реалноста добивме лаги, манипулации и најнедостапна општинска администрација во историјата на општина Бутел, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
 
72 дечиња денеска заминаа на бесплатно летување од седумдневен аранжман во Охрид. Патувањето, дел од проектот Сите сме едно го овозможи Општина Бутел, информираат од општината.
 
Општината Бутел започнува темелна реконструкција на основното училиште „Лиман Каба“ во населеното место Љуботен, информираат од општината. 
 
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, кој е голем љубител на кучиња, денеска волонтираше во ЈП Лајка, информираат од претпријатието.
 
Во текот на наредните денови треба да финишираат градежните активности од Проектот за реконструкција на крак од улица 21 до 7 во Расадник, информираат од Општина Бутел.
 
Општина Бутел, во соработка со Организацијата АДРА, преку реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги, на своите жители, кои се стари лица над 65 години и кои го остваруваат правото, во иднина ќе им овозможи во местото на своето живеење да добијат потребна помош од лиценцирани негователи на стари лица.
 
Во пресрет на новата учебна година, деновиве се вршат подготовки за подобрување на условите за учениците од ООУ „Ацо Шопов“ – Радишани во Општина Бутел.
 
Општина Бутел информира дека го продолжува рокот за поднесување пријави за користење на бесплатно летување под мотото Летен камп-СИТЕ СМЕ ЕДНО, за деца, кои потекнуваат од семејства во социјален ризик и деца со посебни потреби.
 
Актуелниот градоначалник на Општина Бутел на својот фејсбук профил објави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на Општина Бутел.
 
Градоначалникот Велимир Смилевски додели „Дипломи за првенци на генерација“ и вредносни ваучери на 14 матуранти-првенци на генерацијата 2020/21 од општинските основни училишта, посакувајќи им многу успех во понатамошното образование.
 

Бесплатно летување за деца од социјален ризик

Општина Бутел објави јавен повик за пријавување деца од социјален ризик и деца со посебни потреби, жители на општината за стекнување право за користење бесплатно летување под мотото "Летен камп - Сите сме едно".
 

Единаесетта ликовна колонија „Љубанци 2021“ (ВИДЕО)

Во Општина Бутел се одржа детскиот ликовен ден во рамките на единаесеттата ликовна колонија „ЉУБАНЦИ 2021“.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.